а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

декларира

декларираат; декларирал; деклариран; декларирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 12725
1. Објави, објавува нешто, изнесе, изнесува некаков став за нешто.
Англиски: declare Албански: deklaroj
Примери:
Тој отворено ја декларира својата определба за вооружени борба.
Овде, тие слободно можат да го декларираат своето потекло.
2. Означи, означува, пријави, пријавува нешто во декларација
Англиски: report Албански: raportoj
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој не ја декларира целата купена стока.
3. (се декларира) Се изјасни, се определи за некого или за нешто.
Англиски: announce Албански: njoftoj
Примери:
Тие ги помагаат националните движења, но не се декларираат пред јавноста.
Изведенки
декларирање ср.